Saturday, January 16, 2010

Нашите слики – Меморија



      Една од поубавите балади кои сум ги чула, создадени на нашево емотивно поднебје,
е токму Нашите слики, од легендарната група Меморија.
      Песна со душа и меланхолија, но истовремено градска, улична бајка за една пропадната љубов.
      Групата е создадена во 1984.Во почетокот свиреа техно-поп. Основач на групата е басистот Петар Георгиевски, наречен Камиказа, кој пред оваа група се огледал во разни жанрови, од џез-рокот до панкот. Во првиот состав на Меморија пејач беше Поце Икономов, но откако тој си замина од бендот, на негово место дојде Ристо Самарџиев. Со првиот вокал, песна која ќе ја паметам (уште како мала ме лазеа морници од истата) ја испеаја Оган под ѕвездите, кое е воедно нивно прво деби, и истовремено е прв ЛП албум кој го објави Музичката и касетна продукција на Радио Телевизија Скопје (сегашна МКП МРТ).
        Со Ристо Самарџиев ја продолжија работата на бендот се до 1996, од кога датира и оваа балада, која е и воедно лебедова песна на бендот, потоа тој се распаѓа и сите членови почнуваат со засебни кариери. Дефинитивно, како музичка целина, оваа песна е доживувана од многу луѓе, пред се поради својата длабока емоција што ја носи, а и самата интерпретација на Ристо, со својот препознатлив, лиричен вокал ја пее прекрасно.
         Структурално гледано, доминираат гитарите, на чија мелодија се ослонува и вокалната, иако на моменти ја дораскажуваат приказната онаму каде стиховите престануваат. Првата третина од песната е изградена само со разбранувана гитара и вокал, за подоцна суптилните виолини да ја дополнат емоцијата и го интензивираат чувството на осаменост. Минималистичкиот ритам во втората третина од песната не влегува натрапнички или со некаква најава...едноставно како да бил присутен цело време, меланхолијата си останува иста, но со трошка чувство на копнеж...Наједноставна метафора за структурата на ова парче музика би била можеби една континуирана математичка синусида која те плови низ еден урбан заљубен ден, некаде таму во деведесетите.
        
Текстот навидум изгледа обичен, оти се работи за песна која третира љубовни јадови и нечија загуба, меѓутоа во неа има универзална болка, која секому може да му се случи. Сликите како параван на сеќавањето само ја прават оваа песна уште потажна и истовремено интензивна. Нивната споредба со иконите, значи уште еден сакрален, значаен спомен за изведувачот. Мекиот пристап, лулкавоста, нежната композиција се само дополнително достигнување на посакуваниот ефект. Гитарите, чувството на тага, создаваат слика за песна која може да се пее во парк, во круг на луѓе кои пејат и пијат, сеќавајќи се на своите тажни љубови, оти секој ги има...
Чувството на номадство, отуѓеност, страв од сместување на едно место, како да ќе ги задржат сликите, сеќавањата на она што било, шета низ песната. Она што особено ме погодува во оваа песна е стихот: “ Ко скитник на пат, се плашам да легнам негде да заспијам...” – стравот од сонот, дека ќе ги отвори повторно сликите за убавите времиња кои направиле во душата рана длабока...
Маестрално музичко парче. 

Го слушав во ранлива состојба, да не речам, ме фати неспремна, и си капнав и јас некоја солза, оти да... Без оној кој ни значи, пусто е. На било кој начин. Сликите секако остануваат. И ваквите песни, кои ни ги топлат образите и срцата кога станува студено.


Нашите слики:



И текстот:



Нашите слики - Меморија

Во моите мисли се уште стоиш,
ко осамен островсред океан.
Во моите песни, ќе те има секогаш,
во душата рана длабока.

Твоето име ко сенка ме следи,
и очите твои пред мене се.
Нашите слики како икони ги чувам.
и солзите не ги запирам.

Се уште сум
херој во ноќите долги пијани,
ко скитник на пат
се плашам да легнам негде
да заспијам.

И се уште сам во мугрите знам,
без тебе пусто е...без тебе пусто е.




Aвтори на текстот:
Ана Голејшка
Тања Рибарска

8 comments:

  1. „Нашите слики како икони ги чувам“ веројатно беше стихот со кој што оваа песна најбрзо стигна до мене. Сепак, би рекол тие години беа премин кон ерата на дигиталноста, во секој поглед, па ако може да се каже и во поглед на романтиката онака како што бевме се навикнале да ја вреднуваме. Јас бев еден од оние среќници кој го „фатија“ тој момент, иако на самиот крај, така што правејќи паралела со денес, би рекол дека дражта на оваа песна тешко би се доживеала преку овој стих, но сигурно не и по самата енергија која си ја носи песната, што е уште еден репер за квалитет од денешна перспектива.
    За самиот пост, што би рекол друго освен дека совршен е концептот и начинот како се долувува самата песна, но би додал нешто лично, а тоа е дека раѓањето на оваа песна е периодот кога за прв пат во мојот живот сум љубел некоја. Токму стихот кој го наведов, за мене тогаш вредеше многу, бидејќи тие две слики (од нас) навистина ги чував како икони. Подоцна, истите и ги изгорив :) Поентата ми е дека денес со copy - paste, save или delete ... се отвора друга димензија на комуникација, други вредности, друг код на покажување емоции. Којзнае, веројатно суштината е иста, а формата различна. Најверојатно.

    ReplyDelete
  2. Игоре, фала ти за доследната подршка и се разбира, да не беа твоите линкови, тешко дека ќе стигневме до сите овие ремек дела...:)

    ReplyDelete
  3. zosto ova se cuva daleku od dusite na lugeto. treba nekoj da te dopre so ovaa muzika i ovoj tekst vo dusata za da mozat ocite da gi gledaat nasite sliki. site nie imame vakvi nasi sliki

    ReplyDelete
  4. Waaau..., Mantab...
    Nice Post.. I Like this..
    Thanks.

    ReplyDelete
  5. Kako se vika devojkata me interesira :)

    ReplyDelete
  6. Здраво,

    Се викам Ал-Кувари. Живеам во Мадрид, Шпанија, и денес сум среќен човек. Си ветив дека на секој што бара заем ќе му го препорачам заемодавачот што ми го промени животот, мене и на моето семејство. Штотуку добив заем од 25.000 евра од „Trust Bridge Financial Service“ – тие се 100% сигурни и веродостојни.
    Ако ви треба заем и сте 100% сигурни дека ќе можете да го вратите, ве молам контактирајте ги и кажете им дека Ал-Кувари ве упатил кај нив.

    Контакт преку е-пошта: trustbridgefinancialservice943@yahoo.com
    WhatsApp: +2349124847559

    ReplyDelete
  7. Здраво на сите, јас сум г-ѓа Аиша Мохамед и моментално живеам во Њу Џерси, САД. Јас сум вдовица со три деца; во април 2026 година се најдов во тешка финансиска ситуација и имав потреба од рефинансирање и плаќање на сметките. Се обидов да добијам заем од разни фирми, како приватни така и корпоративни, но без успех, а повеќето банки го одбија моето барање. Не наседнувајте на измамниците што се претставуваат како даватели на заеми – сите тие се измамници; сакаат само да ви ги земат парите, а потоа повеќе нема да слушнете ништо од нив (мене ми се случи тоа двапати пред да го запознаам г-дин Марк). Најдобриот дел е што заемот од 40.000 долари ми беше префрлен во рок од 74 часа. Затоа, ви препорачувам да го контактирате г-дин Марк доколку сте заинтересирани за заем и сте сигурни дека можете навреме да го вратите. Можете да го контактирате преку е-пошта: (trustbridgefinancialservice943@yahoo.com). Нема проверка на кредитна историја, не е потребен жирант, а каматната стапка е само 3% со поволни планови и распоред за отплата. Ако треба да контактирате фирма за добивање заем без обезбедување (колатерал), контактирајте го г-дин Марк уште денес.
    Тие нудат различни видови заеми:
    Краткорочни заеми (1–5 години)
    Долгорочни заеми (5–9 години)
    Нудат заеми како:
    Стамбени кредити, деловни кредити, кредити за отплата на долгови,
    Студентски кредити, кредити за започнување бизнис,
    Деловни кредити, корпоративни кредити итн.
    Е-пошта: (trustbridgefinancialservice943@yahoo.com)
    WhatsApp: +2349124847559
    Кога станува збор за финансиска криза и потреба од заем, „Trust Bridge Financial Service“ е вистинското место. Ве молам, кажете му дека јас, г-ѓа Аиша Мохамед, ве упатив кај него. Со среќа!

    ReplyDelete
  8. Здраво на сите, јас сум г-ѓа Аиша Мохамед и моментално живеам во Њу Џерси, САД. Јас сум вдовица со три деца; во април 2026 година се најдов во тешка финансиска ситуација и имав потреба од рефинансирање и плаќање на сметките. Се обидов да добијам заем од разни фирми, како приватни така и корпоративни, но без успех, а повеќето банки го одбија моето барање. Не наседнувајте на измамниците што се претставуваат како даватели на заеми – сите тие се измамници; сакаат само да ви ги земат парите, а потоа повеќе нема да слушнете ништо од нив (мене ми се случи тоа двапати пред да го запознаам г-дин Марк). Најдобриот дел е што заемот од 40.000 долари ми беше префрлен во рок од 74 часа. Затоа, ви препорачувам да го контактирате г-дин Марк доколку сте заинтересирани за заем и сте сигурни дека можете навреме да го вратите. Можете да го контактирате преку е-пошта: (trustbridgefinancialservice943@yahoo.com). Нема проверка на кредитна историја, не е потребен жирант, а каматната стапка е само 3% со поволни планови и распоред за отплата. Ако треба да контактирате фирма за добивање заем без обезбедување (колатерал), контактирајте го г-дин Марк уште денес.
    Тие нудат различни видови заеми:
    Краткорочни заеми (1–5 години)
    Долгорочни заеми (5–9 години)
    Нудат заеми како:
    Стамбени кредити, деловни кредити, кредити за отплата на долгови,
    Студентски кредити, кредити за започнување бизнис,
    Деловни кредити, корпоративни кредити итн.
    Е-пошта: (trustbridgefinancialservice943@yahoo.com)
    WhatsApp: +2349124847559
    Кога станува збор за финансиска криза и потреба од заем, „Trust Bridge Financial Service“ е вистинското место. Ве молам, кажете му дека јас, г-ѓа Аиша Мохамед, ве упатив кај него. Со среќа!

    ReplyDelete