Monday, December 28, 2009

Анушка - Ана Костовска




Нарцисоидно, оваа песна кога ја слушнав првпат, си ја посветив. Не само поради името што е опеано, туку и поради самата интерпретаторка, а и приказната што ми се креираше како слатка последица од текстот.
Ја пее Ана Костовска – актерка, пејачка и асоцијација за кул женска од осумдесетите. Вокал во првиот електро поп бенд -Бастион (со Кирил Џајковски и Љубомир Стојсављевиќ, во соработка со Милчо Манчевски, како текстописец), дел од Бушава Азбука (со Бодан и Влатко) и актерка со особен стил, личност и веродостојна Стиви Никс на македонската поп сцена. Родена е 04.03.1963 година во Скопје. 1985 год. димпломира со највисока оцена на Факултетот за драмски уметности – Скопје, Универзитет „Св Кирил и Методиј“ во класата на Проф. Владимир Милчин. Веднаш по дипломирањето заминува во Загреб, за во 2001 да се врати во Скопје. Паралелно со актерството, соработува на музички план со Кирил Џајковски, Милчо Манчевски, Влатко Стефановски, Драгиша Солдатовиќ – Лабиш и други.

           Родена наменски, оваа песна е промовирана на Југовизија, во 1987 година, од тандемот Ромео Грил и Григор Копров. Текстот е слоевит, многузначен, а композицијата плени со својата егзотична, источна суптилност.
На прво слушање делува како весела композиција што треба да се памети. Рефренот е она што отскокнува и кој ветува трајност. Меѓутоа, според мене, најголемото богатство во оваа композиција е маестралното играње со жанровите, односно со примесите на источно азискиот мелос, и минималистички афрички бит во позадина кој треба да не' потсети на филмска сцена од некој француски филм и добро осмислен шлагерски мелос изграден со (претпоставувам за тоа време популарни) електронски бои на инструментите, и секако водечкиот фретлес бас за време на рефренот кој свири по ритамот на босите стапала кои се присутни во самиот текст... 
            Интересна е приказната која е проткаена во текстот и е скокотлива како тема за разгледување. Која е Анушка? Дали Ана, пее за себеси или пак за некоја друга жена, наречена Анушка, идентитет кој е близок до неа? Да ја пееше песнава некој маж пејач, можеби и немаше да биде така интригантен текстот. Но, кога жена и вели на друга жена: Лажи ме и љуби, ајде убиј ме... Неминовно се крие некаква метафора, можна игра со (хомо)сексуалноста, а можеби и поетски разговор со она Друго Јас. Особено ми се допаѓа што играта со името (и на пејачката, и на песната) создава повеќезначни толкувања. Ана е Ана, Анушка, Ана е номад и плачлива љубопитна истражувачка. Во крајни рамки – Ана го воспева женското тело, кое може да се купи, не е уморно, што отвара уште цел еден свет на можни значења... Ана е куртизана и трговец со емоции. Ана е се’ во оваа песна! Деминутивот само создава чувство на ранливост. Ваше е да ја одгатнете мистеријата на оваа прекрасна мелодија што извира од љубопитство. На рабовите на жанрот, со субверзивен текст кој отвора многу можни значења за оние што ќе се задлабочат во него, оваа песна е бисер, токму како оние што Ана ги бара на дланка, пеејќи боса на песните тажни цигански... Совршено парче македонска поп музика кое се одржува во сеќавањата.







Еве го и текстот:

Aнушка - Ана Костовска




Кажи ми те љубам,
лажи ме
заплачи за мене,
опи се.
Бели птици ангели,
девет ѕвезди сребрени
се борат
ајде кажи ми.
Сини утра, јужни ветрови
Бели птици, ѕвезди сребрени...
Анушка за тебе се',
лажи ме и љуби ајде опиј ме
можеш да ме имаш кога други не
знај анушка за тебе се'.
Анушка
верувaj в сни
Земи се' што имам
ајде земи ми
продај ме на исток
ако сакаш ти
потем писма пишувај ми.
Лажи ме без милост вечерва,
купи ме јас не сум уморна
капни ми на дланка сјај,
бисери за мене дај
имам сили
еве гледај ме
играм боса само за тебе,
пеам песни тажни цигански.






И еве ја, уживајте...











Автори на постот:
Ана Голејшка
Тања Рибарска

7 comments:

  1. Многу интересна анализа која ме испровоцира малку повеќе да размислам за песната. Да бидам искрен никогаш не сум се задлабочил во овој текст, во неговите детали.
    Според мене поверојатна е онаа прва хипотеза дека Анушка е токму женскиот вокал (во случајот Ана).
    Интересни се стиховите:

    „можеш да ме имаш кога други не
    знај Анушка за тебе се'“

    „Земи се' што имам
    ајде земи ми
    продај ме на исток
    ако сакаш ти
    потем писма пишувај ми.“

    Јас овие фрагменти ги доживувам како целосна посветеност на една жена кон еден маж, љубејќи го со целото свое битие, живеејќи за моментот со него неразмислувајќи за утрешниот ден.

    Баш ме интересира што ќе рече Ана доколку е можно да се оствари контакт со неа или со авторите на песната.

    Бидејќи за прв пат коментирам, ти посакувам Тања успешно водење на блогот и во 2010 година многу, многу квалитетни постови како овие два, со што ќе поставиш нови репери за квалитетна критика на македонската сцена.

    Среќни празници!

    ReplyDelete
  2. Фала ти Игоре за убавите зборови, ми значат. Прекрасни, весели и среќни мигови за празнициве и само убави работи во 2010. Се надевам дека во истата ќе успеам да дадам се' од себе за да го издигнеме блогов на повисоко ниво со цел да внесе едно потсетување што се може да постои на македонската музичка сцена. Поздрав, Тања

    ReplyDelete
  3. Hmmm...., Posting cantik, menarik...
    sangat berkesan bagi saya... he he

    ReplyDelete
  4. Дефинитивно една од најдобрите Македонски песни. Браво за одлчната анализа на текстот, ја слушам цела вечер песнава, патувам. Иако не сум бил ни роден кога песната излегла, уште од дете се сеќавам како мајка ми ја слуша додека се дотерува :)
    Совршенство од музика.

    ReplyDelete
  5. Здраво,

    Се викам Ал-Кувари. Живеам во Мадрид, Шпанија, и денес сум среќен човек. Си ветив дека на секој што бара заем ќе му го препорачам заемодавачот што ми го промени животот, мене и на моето семејство. Штотуку добив заем од 25.000 евра од „Trust Bridge Financial Service“ – тие се 100% сигурни и веродостојни.
    Ако ви треба заем и сте 100% сигурни дека ќе можете да го вратите, ве молам контактирајте ги и кажете им дека Ал-Кувари ве упатил кај нив.

    Контакт преку е-пошта: trustbridgefinancialservice943@yahoo.com
    WhatsApp: +2349124847559

    ReplyDelete
  6. Здраво на сите, јас сум г-ѓа Аиша Мохамед и моментално живеам во Њу Џерси, САД. Јас сум вдовица со три деца; во април 2026 година се најдов во тешка финансиска ситуација и имав потреба од рефинансирање и плаќање на сметките. Се обидов да добијам заем од разни фирми, како приватни така и корпоративни, но без успех, а повеќето банки го одбија моето барање. Не наседнувајте на измамниците што се претставуваат како даватели на заеми – сите тие се измамници; сакаат само да ви ги земат парите, а потоа повеќе нема да слушнете ништо од нив (мене ми се случи тоа двапати пред да го запознаам г-дин Марк). Најдобриот дел е што заемот од 40.000 долари ми беше префрлен во рок од 74 часа. Затоа, ви препорачувам да го контактирате г-дин Марк доколку сте заинтересирани за заем и сте сигурни дека можете навреме да го вратите. Можете да го контактирате преку е-пошта: (trustbridgefinancialservice943@yahoo.com). Нема проверка на кредитна историја, не е потребен жирант, а каматната стапка е само 3% со поволни планови и распоред за отплата. Ако треба да контактирате фирма за добивање заем без обезбедување (колатерал), контактирајте го г-дин Марк уште денес.
    Тие нудат различни видови заеми:
    Краткорочни заеми (1–5 години)
    Долгорочни заеми (5–9 години)
    Нудат заеми како:
    Стамбени кредити, деловни кредити, кредити за отплата на долгови,
    Студентски кредити, кредити за започнување бизнис,
    Деловни кредити, корпоративни кредити итн.
    Е-пошта: (trustbridgefinancialservice943@yahoo.com)
    WhatsApp: +2349124847559
    Кога станува збор за финансиска криза и потреба од заем, „Trust Bridge Financial Service“ е вистинското место. Ве молам, кажете му дека јас, г-ѓа Аиша Мохамед, ве упатив кај него. Со среќа!

    ReplyDelete